Политика за приватност

Политика на приватност

Оваа Политика за приватност го уредува начинот на кој Купи Витамини Скопје (понатаму „Контролор“) ги собира, користи, и обработува податоците собрани од Вас како субјекти на лични податоци (понатаму Вие, субјектите или корисниците) при посета на интернет страницата www.kupivitamini.mk (понатаму: ”интернет страница") и/или користење на услугата за веб продажба на Купи Витамини. Со пристапот на ирнет страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за приватност.


 

  1. ВИДОВИ НА ПОДАТОЦИ КОИ НИЕ ГИ СОБИРАМЕ

 

Купи Витамими како контролор на лични податоци, посветува големо внимание на почитување на приватноста и заштитата на личните податоци. Купи Витамини обработува лични податоци кои ги добива од субјектите на лични податоци. Со цел да бидеме доверлив контролор на личните податоци, посветуваме особено внимание на заштитата на личните податоци во секој сегмент на деловните процеси преку имплементација на меѓународните и националните стандарди за заштита на личните податоци.

 

Купи Витамини е посветена да обезбеди заштита на Вашите лични податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци (во натамошниот текст: ЗЗЛП), подзаконските акти на Агенцијата за заштита на личните податоци, интерните акти на Купи Витамини, при што во своето работење ги применува и насоките и стандардите на европска регулативна рамка за заштита на лични податоци (GDPR).

При Ваша регистрација на интернет страната и креирање на Ваш профил, како и користење на услугата за онлајн купување, Купи Витамини ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:

  • Име и презиме,
  • Податоци за контакт (Е – адреса, телефонски број и домашна адреса)
  • Поштенски број
  • Компанија
  • Град
  • Држава

Личните податоци се обработуваат согласно со закон за заштита на лични податоци и на целосно транспарентен начин. Субјектите на лични податоци имаат право на увид, промена, ограничување и бришење на личните податоци. Истите лични податоци (име, презиме, адреса и тел. Број, e-mail адреса) се собираат за конкретна и јасна цел, побрза и навремена достава на пратките. Ние водиме грижа Вашите лични податоци да се целосно недостапни за трети лица. (освен Тотал Пост Логистик, со кој имаме случено договор за заштита на личните податоци кои ние им ги доверуваме, со цел испорака на Вашите нарачки)


 

2. ИЗБОР НА КОРИСНИКОТ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ И УПОТРЕБА НА ПОДАТОЦИ

Иако податоците се користат со добра намера и цели за да го подобриме вашето искуство вие можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате, како и да ја ограничите комуникацијата која www.kupivitamini.mk ја има со вас.

Колачиња и други технологии

Политика за колачиња и приватност

Со кликање на копчето "Се согласувам" или со продолжување на користење на веб-страната, се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на посетите, интеракција со социјални медиуми и прикажување на релевантна содржина. Прочитајте повеќе за Политиката за колачиња и Политиката за приватност.

Кога го избирате копчето “Поставки за колачиња, Вие имате опција да изберете

Неопходни- овие колачиња овозможуваат подобра функционалност и персонализација на сдрѓината на веб-страницата поставени од страна на Купи Витамини,или пак од трети страни чии услуги се овозможени на веб страницата. На овој начин ќе добиете колачиња од услугите на таа трета страна, при што Купи Витамини не може да го контролира складирањето или пристапот до овие колачиња. Доколку не се согласите да ги користите овие колачиња, некои делови од веб страницата нема да функционираат.

Статистика – овие колачиња ни овозможуваат да ги броиме посетите и изворите на сообраќај, со цел да ги измериме и да ги подобриме перформансите на веб-страницата. Тие ни помагаат да анализираме кои страници се најпосетени и да видиме како посетителите се движат нис страниците. Сите информации што ги собираат овие колачиња се анонимни.

Маргетинг – колачиња за маркетинг се користат за цели на прикажување на рекламни содржини и мерење на ефективноста на нашите кампањи. Ови не се прави само на веб-страницата на Купи Витамини, туку и на страници на други партнери за рекламирање (провајдери трети страни). Овие колачиња директно не ги зачувуваат Вашите лични податоци , туку се насочени кон идентификување на Вашиот интернет пребарувач и/или интернет-уред. Алатките за маркетинг и ретаргирање ни помагаат да ви обезбедиме рекламни содржини што се потенцијално релевантни за вас.

Исто така може да одберете кои податоци ги споделувате со нас кога се поврзувате со нас преку Социјалните мрежи или апликации. Ве молиме погледнете ја Политиката за приватност и Политиката за колачиња за да може да научите како да ги прилагодите пермисиите и да ја промените интеракцијата помеѓу www.kupivitamini.mk и Вашиот профил на социјалната мрежа или апликација.


 

  1. ЗА КОИ ЦЕЛИ КУПИ ВИТАМИНИ СКОПЈЕ ГИ КОРИСТИ ПОДАТОЦИТЕ

Кога ни доставувате лични податоци, истите ги користиме за да одговориме и да ги обработиме вашите барања и да ви овозможиме да пристапите до одредени информации или понуди. Дополнително, со цел да ја зајакнеме нашата врска со клиентите, може да зачуваме или обработиме лични податоци и истите да ги споделиме со останатиот дел од тимот на Купи витамини, со цел побрзо да се процесира Вашата нарачка.

Доколку изберете да не се користат вашите лични податоци за поддршка на нашите односи со клиенти (особено директен маркетинг), Купи витамини ќе го цени вашиот избор. Ние не ги продаваме или на друг начин промовираме во поглед на маркетинг вашите лични податоци.


 

Купи Витамини ги собира и обработува Вашите лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени како што се:

• овозможување на on-line користење на нашите услуги и производи;
• администрирање на содржината, промоциите и други функционалности на страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа;
• навремено информирање на корисниците за своите производи, како и за сите акции и промоции на своите производи (директен маркетинг).
• за реализација на on-line нарачките достапни на интернет страницата www.kupivitamini.mk (навремена и точна испорака, наплата на цената за продадените артикли)
• за рефундирање на средства;
• за контакт по пат на електронска пошта;

Купи витамини ќе ги третира Вашите лични податоци како доверливи и ќе се однесува со нив во согласност со Законот за заштита на личните податоци и неговите подзаконски акти.

3.а. Сигурност на личните податоци

Сигурноста на личните податоци ни е важна, затоа преземаме технички и организациски мерки за да ги заштитеме личните податоци од злоупотреба, загуба, неовластен пристап, неовластена измена или неовластено откривање.

3.б. Чување на личните податоци

Купи витамини ќе ги задржи вашите лични податоци во разумен период за цели споменати погоре или додека не побарате од нас да бидат избришани, или како што е согласно важечката законската регулатива. Вашите податоци не се чуваат подолго во нашата база од она што е потребно за целите поради кои се користат податоците. Купи витамини ги обработува и чува Вашите лични податоци до исполнување на целта за која се прибрани односно исполнување на договорните обврски.

3.в. Кои права ги имате за заштита на Вашите лични податоци?

Според GDPR:

  • имате право на пристап (член 15 од GDPR),

  • право на исправка (член 16 од GDPR), право на бришење (член 17 од GDPR),

  • право на ограничување на обработка (член 18 од GDPR),

  • право на приговор (член 21 од GDPR)


 

  1. КОГА И КАКО КУПИ ВИТАМИНИ СКОПЈЕ ОТКРИВА ПОДАТОЦИ

Ние (или нашите "Бизнис Провајдери” во наше име) нема да ги споделиме, продаваме или изнајмуваме вашите лични податоци на други лица, освен во некои од случаите кои се предвидени подолу:

Ние можеме да ги споделуваме Вашите податоци со овластени трети лица - Бизнис Провајдери. Овие "трети лица - Бизнис Провајдери” извршуваат функции во наше име, како испраќање и дистрибуција на нашите административни и промотивни пораки. Ние можеме да ги споделуваме Вашите лични податоци со такви провајдери за исполнување на нарачки, доставување пакети, испраќање поштенски или електронски маил, администрирање на натпревари или игри, отстранување на повторувачки податоци за клиентот, анализирање на податоци, давање маркетиншка помош, обезбедување резултати од пребарувања и линкови, работење на вебсајтот, решавање на проблеми или обезбедување на служба за корисници. Ние, исто така, може да собираме лични податоци од поединци и претпријатија со кои имаме бизнис односи и може да ги споделуваме Вашите податоци со Бизнис провајдери со цел да се остварат нашите административни задачи. На пример, кога нарачувате некоја услуга, податоците од Вашата платежна картичка се процесираат преку платежниот процесинг систем на нашата банка со цел да се потврди плаќањето и доколку е успешно остварено може да  испратиме податоци за вашата адреса на испорачувачот на услугата заради реализација на услугата. Исто така, можеме да дадеме податоци за www.kupivitamini.mk продавачот на нашата банка со цел да се направи исплата. Ние ги охрабруваме www.kupivitamini.mk продавачите и третите лица Бизнис Провајдери да ги усвојат и објават своите Политики за заштита на лични податоци. Сепак, употребата на Вашите лични податоци од страна на тие лица е уредена од страна на тие странки во Политиките за заштита на лични податоци и не е предмет на наша контрола.

Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци за наша заштита и заштита на други. Ние го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични податоци ако тоа се бара со закон и кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и / или во согласност со судска постапка, судски налог, или правен процес во врска со нашата веб страница.

Вашите лични податоци (име, презиме, адреса и тел. Бро, e-mail адреса) се собираат за конкретна и јасна цел, побрза и навремена достава на пратките.

Пристап до Вашите податоци имаат овластените вработени во Купи витамини, со цел исполнување на нашите договорни обврски,, а под услов да не ги прекршуваат Вашите права при заштитата на личните податоци.

Исто така, Купи витамини ги открива Вашите лични податоци до давателите на услуги и агентите кои ги користиме (член 28 од GDPR) за овие цели, вклучувајќи ги компаниите кои работат во следните области: куриска служба, логистика, продажба и маркетинг. Вашите лични податоци ги доверуваме трети лица, односно курирска служба, со која имаме потпишано договор за заштита/чување на лични податоци . Би сакале да истакнеме дека Купи витамини ја чува доверливоста во однос на податоците и информациите поврзани со Вас како клиенти со кои соработуваме.


 


 

  1. КАКО КУПИ ВИТАМИНИ СКОПЈЕ ГИ СОБИРА ПОДАТОЦИТЕ

Личните податоци се собираат директно од Вас, кога се регистрирате како Корисник, кога рализирате нарачки, кога се согласувате за добивање на маркетинг понуди (преку Вашето користење на нашата веб страна, преку нашиот email: info@kupivitamini.mk  или кога на друг начин комуницирате со нас. 

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат, механички и/или електронски, исклучиво од страна на лица, вработени од Контролорот коишто имаат пристап до истите и кои се авторизирани и овластени да извршуваат анализи, како и со почитување на начелата за обработка на личните податоци од Законот за заштита на личните податоци.


Обработката на Вашите лични податоци Купи Витамини ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.


 

  1. БЕЗБЕДНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ


 

Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Вие можете да пристапите до Вашите лични податоци на нашата веб-страна со внесување на Вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Ние Ви препорачуваме да не ја споделувате вашата лозинка со никого. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер до кој само ние имаме пристап.

Oбработката на личните податоци се врши преку „клауд“ услуга која е обезбедена преку „аутсорсинг“ cloud provider со кој како обработувач е склучен договор со кој во целост се почитуваат одредбите од Законот за заштита на личните податоци за пренос на лични податоци во држава членка на ЕУ или Европскиот економски простор согласно член 48 став (3) од Законот за заштита на лични податоци.

Ние шифрираме одредени чувствителни податоци со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да се осигураме дека Вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на нас.

Податоци за плаќање: Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме и која е сертифицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на  Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка, единствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето Име и Презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати се енкриптирани.

7. ПРИСТАП И ПРОМЕНА НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Можете да пристапите, промените или да ги избришете Вашите податоци кои сте ни ги оставиле преку Вашиот профил со едноставно логирање на Вашиот профил и пристапување на секцијата “Моја сметка”. Единствено што не може да промените сами е Вашата email адреса во профилот, затоа доколку сакате да ја промените ве замолуваме да ни испратите електронска порака на info@kupivitamini.mk со email - адресата која сакате да се замени и новата адреса.

Ние ве охрабруваме веднаш да ги ажурирате Вашите лични податоци доколку се променат. Доколку сакате да го деактивирате или отстраните профилот може да испратите барање на info@kupivitamini.mk. Вашите лични податоци ќе ги чуваме се додека вашиот профил е активен. Сепак, деактивирањето на вашиот профил не означува дека сите податоци претходно зачувани ќе бидат избришани, бидејќи ние чуваме податоци за изминатите активности, не можеме да ги избришеме податоците поврзани со изминатите купувања на веб-страната поради евенутален случај на спор, анализи на продажбите, месечни и годишни извештаи.

8. СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Друштвени јавни области

Сајтот може да биде пристапен или да содржи делови каде што можете јавно да споделите информации, да комуницирате со други лица, како што се форуми за дискусија или блогови. Овие информации може да биде достапни на други корисници и компании и може да се појавуваат на други интернет страници или веб пребарувања и затоа овие податоци може да се читаат, собираат и користат од страна на други лица. На пример, ако ја објавите вашата е-маил адреса заедно со вашето мислење за некој ресторан како коментар, може да добиете несакани пораки поради злоупотреба на Вашата адреса од трети лица. Ние немаме контрола над тоа кој го чита вашиот пост или она што другите корисници можат да го сторат со податоците што ви се доброволно изложени, па затоа Ве молиме да бидете претпазливи при објавувањето на било какви лични податоци. Ние имаме согласност од нашите корисници да го објавуваме нивното име или корисничко име, заедно со нивната критика или коментар.

Поврзување преку социјални мрежи (Facebook, Instagram, Twitter, Google Plus)

www.kupivitamini.mk им дава можност на корисниците на социјални мрежи да имаат интеракција со пријателите и да споделуваат информации на своите профили на социјалните мрежи.

9. ПРИВАТНОСТА НА ТРЕТИ СТРАНИ

Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на www.kupivitamini.mk. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.

10. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ДЕЦА (МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА)

www.kupivitamini.mk не дозволува користење на сајтот на малолетници (деца помали од 18 години) и таквата употреба е забранета. Сајтот е дизајниран со намера да услужува возрасни лица. Со користењето на www.kupivitamini.mk изјавувате дека сте возрасно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да креирате профил и вршите купувања на услуги и производи. Веднаш ќе го отстраниме профилот и податоците поврзани со него доколку дојдеме до знаење дека истиот е на регистриран корисник кој нема 18 години.

11. ТЕРМИНОЛОГИЈА

Бизнис Провајдери, се однесува на трети страни кои изведуваат бизнис операции во име на www.kupivitamini.mk, како на пример процесирање на трансакции, комуникациски сервиси (е-маил, испорака на пратки и сл.), маркетинг, процесирање на податоци и аналитика, платформи за рекламирање или информациско-технолошки услуги и сл.

Бизнис Соработници, се однесува на трети страни со кои соработуваме како што се компаниите чии понуди се промовираат, маркетинг агенции,  дистрибутери и продавачи.

Податоци од паметни уреди, се однесува на податоци од уред кој го користите за да пристапите или користите веб сајт, како што е тип на оперативен систем или тип на мобилен уред, тип на пребарувач, домеин, јазик кој го користи Вашиот систем, држава и временска зона на Вашиот уред, гео локација и софтвер на Вашиот уред.

Не-лични податоци, се однесуваат на податоци кои сами по себе не може да ве идентификуваат. Тука спаѓаат Колачиња, Пиксел тагови и Податоци од паметни уреди.

Друштвени јавни области, се однесува, збирно на сите наши страни и на социјалните мрежи, форуми, теми за дискусија и коментари на понудите и други методи на комуникација кои може да бидат овозможени или поврзани преку нашиот сајт.

Колаче, значи единствен идентификатор, најчесто составен од мали битови на текст или код.

13. ВАШИТЕ ПРАВА И КОНТАКТ ВО ВРСКА СО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

    право да бидете информирани за обработката на личните податоци

    право на пристап до личните податоци

    право на исправка и бришење на личните податоци

    право на ограничување на обработката на личните податоци

    право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Валерија Милошевиќ на телефон +38976589218 или на следниов e-mail: info@kupivitamini.mk

Во секое време можете да поднесете барање и до агенцијата за заштита на лични податоци за вашите права

14. ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности. Ве молиме посетувајте ги политиките за информираност при евенутални промени.


 

Промените е извршени на 28.01.2022 година

За нас

Купи ВИТАМИНИ е Е-Продавница за продажба на витамини, минерали и суплементи во исхраната.

Производите кои се предмет на понуда се со потекло од Европската унија.

Контакт

  • +389 2 55 129 66
  • info@kupivitamini.mk

Facebook

Kupi Vitamini © 2022. UKION SHOPS